(ВИДЕО) Ужасна сцена на Флорида: Тројца пријатели пронајдени масакрирани

Од:

Полицијата во Флорида го испитува убиството на тројца блиски пријатели кои биле претепани и застрелани на езеро додека рибареле. Тие во петокот вечерта тргнале на риболов на езерото Стрит во Фростпруф, каде биле пронајдени нивните тела. Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот Грејди Џад, биле масакрирани.

„Наидовме на ужасна сцена“, изјави шерифот Грејди Џад пред новинарите, додавајќи дека видел многу убиства, но тоа е едно од најстрашните во неговата кариера, објави „Фокс Њуз“.

Тројцата пронашле оддалечено место во шумата крај езерото, но биле нападнати неколку минути по нивното пристигнување. Полицијата била известена од таткото на Ролинс, кого го разбудил неговиот син со повик за помош. Тој дошол на местото на злосторството околу десетина минути по повикот и го нашол неговиот син како сѐ уште покажува знаци на живот, а другите двајца пријател се веќе мртви, изјави шерифот, додавајќи дека нивниот татко ја повикал полицијата од бензинска пумпа, затоа што брзајќи го заборавил својот мобилен телефон. Синот успеал да му каже неколку реченици на својот татко, но она што му го кажал „сè уште не е за објавување“, соопшти полицијата. Ролинс починал пред да пристигне брзата помош.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски