Алигатор долг скоро три метри му одгриза рака на млад човек кој во последен момент го спасил гостин на блискиот бар на Флорида каде што се случил инцидентот.
Според локалните медиуми, Џордан Ривера (23) бил нападнат недалеку од бар покрај езеро во Порт Шарлот. Дека нема рака сфатил дури откако се разбудил во болница.
– Не го загубив животот, ја изгубив раката, не е крај на светот, знаете – изјави Ривера, која моментално е во болница.
Тој наведува дека влегол во езерцето и дека паднал во водата несвесен колку е длабока.
Градежниот работник Мани Идалго, кој го спасил младиот човек, изјавил дека истрчал да и помогне на Ривера откако го слушнал како вика околу 1:45 часот во неделата. Тој сведочи дека раката на момчето била буквално „исџвакана“.
алигаторот е фатен и убиен.