ВИДЕО: Тревога во Тел Авив, истрелани две ракети кон градот

Од:

Сирените за узбуна се огласија во Тел Авив, прв пат после 2014 година. Две ракети биле истрелани кон Тел Авив соопшти израелската војска. Се уште нема информации од каде се истрелани ракетите.

Една од ракетите според израелската војска била пресретната од противракетниот систем, додека другара ракета паднала на отворен простор, навор од градот.

Израелската војска наведе дека се активирани сирените за ракетна узбуна низ централниот дел на земјата.

Палестински извори во Газа изјавија за израелските медиуми дека ракетите се истрелани од северот на појасот но останува нејасно која организација стои зад оваа акција.

Израелскиот ТВ Канал 10 наведува дека истреланите ракети се од иранско производство, а заега нема повредени од нападот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел