ВИДЕО: Успешно првото слетување на комета

Од:

Научниците успешно ја слетаа роботската лабораторија на површината на кометата 67П/Чурумјов-Герасименко, што е историски преседан во вселенското истражување, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА).

Роботот Филе од сондата Розета се издвоил утринава и по седумачасовното спуштање ја допре површината на кометата.Слетувањето на кометата беше окарактеризирано како многу ризично, имајќи ги во предвид многуте непознати за кометата.

Научниците утврдија и дека харпунот преку кој роботот требаше да се прицврсти за кометата не функционирал добро.

Screen_Shot_2014-11-10_at_11.55.49_AM.0

Првата фотографија која роботот Филе ја испрати на Земјата е слика од сондата Розета од која изутрината се одвои за да почне со седумчасовното спуштање.

Филе направи снимка и со помош на фото камера Civa-P во монетот на одвојување од сондата на Европската вселенска агенција.

Rosetta_mission_selfie_at_16_km.0

Во меѓувреме, во ЕСА стигна потврда дека Розета воспоставила контакт со роботот веднаш по неговиот „скок“.

Розета го прима сигналот на Филе, изјави шефот на мисијата Паоло Фери од центарот на ЕСА во Германија.

Лабораторискиот робот Филе е тежок 100 килограми и со големина на машина за алишта.
Програмиран е за изведување на девет експерименти, а содржи и бушилица со која ќе зема примероци за анализа од површината на кометата.

Screenshot_5

Чурјумов-Герасименко орбитира околу Сонцето на секои 6,45 години и е со димензии од 3,5 со 4 километри.

ЕСА ја лансираше мисијата Розета на 2. март 2004 година, а леталото до кометата стигна десет години подоцна на 6. август 2014 година, а во нејзината орбита влезе на 10. септември.

Научниците се надеваат дека мисијата ќе помогне да се дознае повеќе за потеклото и еволуцијата на небеските тела.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ