Уште еден напад на ајкула се случи во популарното летувалиште Хургада.
Откако австриската пензионерка Елизабет Скваер (68) почина по страшен напад на ајкула во египетско одморалиште, австрискиот портал „Haute“ пишува дека се случил уште еден напад во близина на Хургада во кој животот го загубила уште една жена.
Веста за смртта на втората жена ја потврди и египетското Министерство за заштита на животната средина, со што се потврдија шпекулациите кои вчера се појавија на социјалните мрежи.
Mısır tatil beldesi Sahl Hasheesh bölgesinde köpek balıkları turiste saldırdı. Hastaneye kaldırılan kişi öldü. Son 2 hafta boyunca köpek balıkları sahil kesimlerine yuva yapmaya başladı. Bir çok sahil kesimlerinde çok sayıda köpek balığı sürüsü görülmeye başlandı#Planetx #nibiru pic.twitter.com/ftKkn03pD3
— Reptilian Planet (@reptilianplanet) July 1, 2022
По фаталниот напад на ајкула во петокот, египетското Министерство за животна средина денеска извести дека втора жена била нападната и убиена од ајкула. Овој инцидент се случил јужно од приморското одморалиште Хургада, на само 500 метри од првиот напад.
Според првичните информации, втората жртва е од романска националност.
— Kalabaster (@KalabasterJak) July 3, 2022
Вториот напад на ајкула го пријавил и новинар на „20 минути“, кој таму е на одмор. Двата инцидента се случиле на оддалеченост од околу 500 метри.
Министерството покрена истрага за инцидентот и ја затвори плажата на три дена. Во овој период во областа не се дозволени спортови на вода како нуркање, сурфање на ветер, едрење, се вели во соопштението.
Министерството во соопштението наведува дека е формирана комисија која ќе ги испита околностите на нападот и сите научни причини зад него.