Моќниот ураган Иан предизвика голема штета и речиси уништи некои градови во американската сојузна држава Флорида, а пријавени се и две загинати лица, изјави гувернерот Рон ДеСантис. 74-годишен човек од местото Волусиа е првата официјално пoтврдена жртва од ураганот. Повеќе од 2,6 милиони жители на Флорида се без струја.
*RARE* first person view of storm surge. This camera is 6 feet off the ground on Estero Blvd in Fort Myers Beach, FL. Not sure how much longer it keeps working. You’ll see it live only on @weatherchannel #Ian pic.twitter.com/WwHtvgVxjY
— Mike Bettes (@mikebettes) September 28, 2022
„Никогаш не сме виделе вакви поплави“, рече ДеСантис и изјави дека во невремето некои области, Кејп Корал и градот Форт Мајерс биле целосно потопени и уништени.
Гувернерот изјави дека ова е веројатно еден од петте најразорни урагани што ја погодиле Флорида.
#BREAKING: “Extremely dangerous Category 4” #HurricaneIan makes landfall along southwestern coast of #Florida near Cayo Costa.
Ian's maximum sustained winds were estimated to be near 150 mph.
— George Solis (@GeorgeSolis) September 28, 2022
Иан удри на копното во југозападна Флорида како ураган од 4 од 5 категорија на скалата Сафир-Симпсон и сега ослабе до тропска бура со силни ветришта и обилни врнежи и сè уште има разорна моќ.
„Ова е бура за која ќе се зборува многу години“, рече директорот на американската метеоролошка служба (NWS) Кен Греам на прес-конференција.
Иан премина во тропска бура, но се очекува повторно да премине во ураган и затоа е изадено предупредување за жителите на Јужна Каролина.