(ВИДЕО) Ураганот на Флорида однесе покрив на болница, евакуирани пациенти на респиратори

Од:

Поплавите од ураганот Иан го поплавија приземјето на болницата ХЦА Флорида Фосет во Порт Шарлот, а силните ветрови потоа го разнесоа покривот на четвртиот кат, каде што се наоѓа одделението за интензивна нега.

Болничкиот персонал мораше да ги евакуира најсериозно загрозените пациенти, од кои некои се на респиратори, на други катови. Сите пациенти мораа да бидат префрлени само на два централни ката поради големите штети што беа предизвикани.

„Не очекувавме дека бурата ќе го урне покривот од четвртиот кат“, рече д-р Биргит Бодине, која ја помина ноќта во болницата.

Таа додаде дека не знае каде ќе ги сместат луѓето кои можеби се повредени во поплави и од ветрови.

„Наскоро може да почнат да доаѓаат амбулантни возила, а не знаеме каде ќе ги сместиме пациентите“, рече д-р Бодине.

Би можело да ве интересира

Се преврте автобус со работници на Флорида, осум мртви, 45 повредени

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија