Тројца уметници побарале од полицијата во Њујорк да им ја вратат бистата на Едвард Сноуден, заканувајќи се дека во спротивно ќе поднесат тужба против неа.
Адвокатот за граѓански права Роналд Кнуби изјавил дека уметниците ќе останат анонимни, бидејќи стравуваат дека ќе бидат уапсени, откако властите минатата недела ја отстраниле скулптурата од бруклинскиот Форт Грин парк.
-Се надеваме дека градот повторно ќе ја добие статуата, за да продолжи да поттикнува здрава расправа за прашања од клучна важност за нашата слобода – навеле уметниците во писмено соопштение пренесе „Франс прес“.
Кјуби навел и дека скулптурата чија што тежина изнесува 45 килограми и која што е висока 1,2 метри е вредно уметничко дело, чија изработка траела шест месеци.
-Иронично е статуата на Едвард Сноуден да се чува во подрум на њујоршката полициска станица, додека тој е во азил во Русија – истакнал адвокатот, додавајќи дека иако властите имаат право да отстранат неавторизирана скулптура, тоа не значи дека можат неограничено да задржуваат едно уметничко дело.
Инаку според неговите зборови една галерија во Менхетн изразила желба идниот месец да ја изложи бистата во рамки на поставката за надзор и приватност.
Е.Г.