ВИДЕО: Украински дронови над Москва, Ростов, Брјанск

Од:

Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, јужниот регион Ростов и југозападниот регион Брјанск во раните утрински часови, објави руската агенцијата РИА.

Според ТАСС, три згради биле оштетени во градот Ростов на Дон, а едно лице е повредено кога еден од дронови се урнал во центарот на градот. Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.

Во Брјанск, остатоците од еден од двата уништени беспилотни летала ги скршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, јави агенцијата Интерфакс. Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на зградата на Командата на рускиот јужен воен округ – инаку местото од каде се координира руската агресија врз Украина.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија