(ВИДЕО) Украина: Убивме тројца руски генерали со ХИМАРС

Од:

Украинската разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека била спроведена акција во која биле убиени тројца руски генерали. Тие, наводно, биле ликвидирани во напад во кој била користена ракета ХИМАРС.


„Тројца офицери на раководството на руските окупаторски сили беа елиминирани како резултат на успешна операција на Одделот за активни дејствија на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Службата за безбедност на Украина, Силите на беспилотниот систем на вооружените сили на Украина и оперативната група на трупите Таврија“, се вели во соопштението на ГУР.

Како што се наведува понатаму, агентите на ГУР добиле информации за планираниот состанок на генералите на Армијата на Руската Федерација, 4-та гардиска воена база, во регионот Запорожје.

„По проверката и потврдата на податоците, военото разузнавање подготви оперативен план, во кој со свои сили и ресурси учествуваа Командата за специјални операции Таврија, ДГС и тактичката група СБУ Тајфун“, посочува ГУР.

Исто така, се додава дека веднаш по почетокот на теренската средба на „окупаторите“ бил извршен високопрецизен удар на ХИМАРС против група руски офицери и нивните возила.

Се посочува и дека на местото на настанот е испратена руска евакуациска група, која била нападната со нападни беспилотни летала на украинските безбедносни и одбранбени сили.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија