(ВИДЕО) Украина: Го уништивме моќниот систем С-400 на Крим

Од:

Украинската воена разузнавачка служба објави дека го уништи рускиот систем за воздушна одбрана С-400 „Триумф“ на полуостровот Крим, анектиран од Москва.

„Како резултат на експлозијата, системот, придружните ракети и оперативниот персонал беа целосно уништени“, соопшти разузнавачката служба.

Во прилог на ова, објавено е видео од дрон, на кое наводно се гледа експлозијата на најзападниот крај на полуостровот.

Украинските власти прво не открија со какви средства бил нападнат рускиот систем за воздушна одбрана.

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов, во вторникот најави дека ќе има дополнителни напади на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, кршејќи го меѓународното право.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски