ВИДЕО: Украина го призна нападот, Русија ги обвини британските и американските разузнавачи

Од:

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека „денешниот напад на мостот на Крим го извршил режимот на Киев“.

„Овој режим е терористички и ги има сите карактеристики на меѓународна организирана криминална група. Одлуките ги носат украинските функционери и војската со директно учество на американските и британските разузнавачки агенции и политичари. САД и Британија управуваат со терористичка државна структури рече Захарова, без да наведе докази за нејзините тврдења.

Мостот на Крим бил нападнат од беспилотни поморски дронови кои се движат по површината на водата, соопшти рускиот комитет за борба против тероризмот. Комитетот тврди дека нападот го организирале украинските „специјалци“ и потврдија дека е отворена кривична истрага за нападот.

Извор од украинската безбедносна служба изјави за Би-Би-Си дека нападот е „специјална операција на поморските сили на Украина и на украинската служба за безбедност“.

“Мостот беше нападнат од поморски дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот успеавме”, рекол изворот.

Извор од украинската безбедносна служба изјави за Би-Би-Си дека нападот е „специјална операција на поморските сили на Украина и на украинската служба за безбедност“.

“Мостот беше нападнат од поморски дронови. Беше тешко да се стигне до него, но на крајот успеавме”, рекол изворот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск