ВИДЕО: Убиен тренерот на младите категории на Ред Бул

Од:

Тренерот на младинските категории на фудбалскиот клуб Њујорк Ред Бул, Мајк Џонс, им подлегнал на повредите, откако бил прободен со нож во близина на Јунион Сквер, на Менхетн.

Њујоршката полиција соопшти дека 25-годишниот Џонс, бил најден на улица во неделата наутро со неколку убоди во вратот и главата.

Како што се наведува истрагата е во тек, а мотивите на нападот не се познати.

Во соопштението се додава дека полицијата трга по лице со долга коса, кое било снимено од безбедносните камери.

Не е познато дали Џонс го познавал напаѓачот, но непосредно пред нападот имало караница помеѓу жртвата и напаѓачот.

Инаку, Џонс, кој по потекло е од Ливерпул, вечерта ја минал со својата девојка со која се разделил околу 23 часот. Џонс работел во Њујорк пет години, а задача му била да ги подготвува младите играчи за клупската младинска школа

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина