ВИДЕО: Уапсен организаторот на терористичките напади во Париз

Од:

Белгиската полиција успеа да го уапси 26 годишниот Салах Абдеслам по кого трагаше два дена, организаторот на масакрот во Париз. Тој се криел во предградието Моленбек во Брисел, местото каде од каде што е и озлогласениот џихадист Абделхамид Абауд, кој на почетокот на годинава беше осуден на 20 години затвор.

Француската полиција имаше распишано потерница за Салах Абдеслам, француски државјанин кој е роден и живее во Белгија, и е осомничен дека заедно со своите двајца браќа учествувал во нападите во Париз.

Тој се сомничи дека е “мозокот“ на нападите изведени во Париз во петокот вечерта, во кој погинаа 129 луѓе. Не и е познат на француската разузнавачка служба, па затоа и покрај тој што беше сопрен на фрнацуско-белгиската граница, беше пуштен да продолжи кон Белгија.

За нападите, Абдеслам изнајмил возило кое е пресретнато во саботата во Белгија, но тој не се наоѓал во него.

apsenjebelgija1

Според француските медиуми тој изнајмил две возила кои ги користеле терористите за нападите во Париз, а подоцна истите се пронајдени во близина на концертната сала Батаклан.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека “една личност која изнајмила едно од тие две возила ја поминала контролата во Кембре, во саботата во 9.10 часот на автопатот А2 во правец кон Белгија.

apsenjebelgija11

Салах Абдеслам се наоѓал во едно од возилата од кое напаѓачите пукале кон неколку кафе барови во Париз.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз