Видео: Уапсен имамот што на девојче подметна запален Куран

Од:

Пакистанската полиција го приведе на информативен разговор имамот од сиромашното предградие на Исламабад Хафиз Мохамед Халид Чишти, кој пред две недели го обвини 11 годишното христијанско девојче Римша Масих, дека ги потпалила  страните на муслиманската света книга Куран.

Под притисок на јавноста и тежината на обвинението, се појавија сведоци, помошникот на имамот и уште двајца верници кои посведочија дека девојчето не го палело Куранот, туку имамот Чишти подметнал неколку истргнати страници во нејзината торба, во која имало пепел и остатоци од изгорена хартија.

Обвинението против девојчето, за кое се утврдило дека има пречки во развојот, е многу сериозно бидејќи се смета за најтежок престап во исламскиот свет, за кој се добива и смртна казна.

Инаку девојчето уште од 16 август се наоѓа во притвор. Многу христијански семејства во страв од одмазда го напуштија тој дел на Исламабад. За среќа до поголеми инциденти не дојде и останува да видиме како ќе реагира пакистанскиот суд по најновиот развој на настаните.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан