ВИДЕО: Уапсен човек што држеше заложници во Тбилиси, барал да се забрани коцкањето и банките да ги спуштат каматите

Од:

По неколку часа неизвесност, заврши заложничката драма што попладнево се случуваше во компанијата МБЦ во грузискиот главен град Тбилиси. Сите деветмина заложници што ги држеше непознатиот напаѓач се ослободени, а тој е приведен, јави грузиската телевизија.

Како што наведува полицијата, со напаѓачот вооружен со рачна бомба, биле водени преговори и заложниците биле ослободувани еден по еден.

Човекот ги објавил трите главни барања преку Фејсбук, а меѓу нив биле: банките во земјата да ги намалат каматите, лековите во аптеките да поевтинат, а во Грузија целосно да се забрани коцкањето. Тој објави и снимка на која ги соопштува невообичаените барања:

Инцидентот се случи во компанија за микрокредитирање, која дава мали суми пари на заем со висока камата.

Полицијата го блокираше делот од градот каде се одвиваше заложничката драма.

Би можело да ве интересира

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Трамп: Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток, тие наскоро ќе бидат ослободени

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Израел: Киднаперите на Хамас мачеле заложници во Појасот Газа, меѓу кои имало и малолетници