Турција започна воздушни напади врз цели на курдските милитанти во Сирија и Ирак, откако ја обвини Курдистанската работничка партија (ПКК) за смртоносниот напад врз седиштето на турската национална авиокомпанија во кој загинаа пет лица.
BREAKING:
The Turkish Air Force has fired missiles at targets in Syria and Iraq pic.twitter.com/4mTOwfigS5
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2024
Турската Национална разузнавачка организација соопшти дека целеле на голем број стратешки локации што ги користела ПКК или сириската курдска милиција поврзана со милитантите, јавува Anadolu Agency.
BREAKING:
Turkey starts striking Kurdish targets in northern Syria. pic.twitter.com/qvCT0rTwDE
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2024
Засега нема изјава од ПКК за нападот или за турските воздушни напади.
Целите вклучуваат воени, разузнавачки, енергетски и инфраструктурни објекти и складишта за муниција, се вели во извештајот. Официјален претставник за безбедност изјави дека во денешните напади биле користени дронови.
Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите денеска соопштија дека во турските воздушни напади загинале 12 цивили во североисточна Сирија.
„Во текот на изминатите часови нов бран турски напади врз северна и источна Сирија убиени се 12 цивили, меѓу кои две деца, а ранети се 25 други лица“, се вели во соопштението на SDF.
Да потсетиме, вчера имаше терористички напад врз седиштето на турската национална авиокомпанија TUSAS во близина на Анкара. Двајца напаѓачи, жена и маж, пристигнале во седиштето на компанијата со такси кое го зеле откако го убиле возачот.
Вооружени со автоматски пушки, двајцата поставиле експлозив и отвориле оган, убивајќи четворица луѓе во компанијата, вклучително еден член на обезбедувањето и еден машински инженер.
Екипите за безбедност беа испратени веднаш штом започна нападот околу 15:30 часот по локално време, рече министерот за внатрешни работи. Во нападот загинаа и двајца напаѓачи, а повеќе од 20 лица беа повредени.
TUSAS дизајнира, произведува и склопува цивилни и воени авиони, беспилотни летала и други системи за одбранбената индустрија и воздушните системи. Нивните одбранбени системи се сметаат за клучни за превласта на Турција во борбата против курдските милитанти.
Нападот се случи еден ден откако лидерот на екстремно десничарската Националистичка партија, сојузник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ја покрена можноста затворениот лидер на ПКК да биде условно пуштен на слобода доколку се откаже од насилството и ја растури својата организација.
ПКК на Абдула Оџалан се бори за автономија во југоисточна Турција во конфликт кој однесе десетици илјади животи од 1980-тите. Турција, како и западните сојузници на земјата, ја прогласи ПКК за терористичка организација.