(ВИДЕО) Тројца заменици-шерифи загинаа на полигон за обука во Лос Анџелес

Од:

Тројца заменици-шерифи загинаа во експлозија на полигонот за обука на шерифската канцеларија во Лос Анџелес, објавија денес „Фокс њуз“ и локалните медиуми, но официјалните лица сè уште не ја потврдија причината.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес потврди дека се случила експлозија на полигонот за обука „Академија Бискаилуз Центар“ во источен Лос Анџелес.

Тој рече дека причината за експлозијата е под истрага и дека сè уште не може да потврди дали имало смртни случаи или повредени.

„Лос Анџелес тајмс“ објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека тим за деактивирање бомби расчистувал експлозиви кога се случила експлозијата.

Главната обвинителка на САД, Пам Бонди, објави на социјалните мрежи дека разговарала со американскиот обвинител за Централниот округ на Калифорнија, Бил Есали, за „она што изгледа како ужасен инцидент во кој најмалку три лица загинаа на полигон за обука на органите за спроведување на законот во Лос Анџелес“.

Бонди рече дека федералните агенти го истражуваат инцидентот на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Мајка и шест деца загинаа во експлозија во Пенсилванија

А1он

Експлозија во Лесковац: Петмина повредени, двајца со тешки изгореници се пренесени во Ниш

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Рим – има тешко повредени

А1он

Експлозија во деловна зграда во Амстердам, исламистичка група ја презеде одговорноста