ВИДЕО: Тројца убиен во напад кај Тел Авив, сомнежи за тероризам

Од:

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во израелскиот град Елад за време на сомнителен терористички напад, соопшти службите за итни случаи. Полицијата не откри детали за идентитетот на напаѓачот или за околностите на нападот во кој, според Маген Дејвид Адом (МДА), израелскиот еквивалент на Црвениот крст, четири лица се повредени, од кои три потешко.

Ова е шести антиизраелски напад од 22 март. Последниов напад е во град со околу 50.000 жители, меѓу кои и голем број ултраортодоксни Евреи. Хамас и Исламски џихад го пофалија „херојскиот“ напад, кој според нив е „одговор“ на тензиите во Ерусалим.

Веднаш по нападот, за кој никој не презеде одговорност, полицијата и армијата распоредија сили во градот, додека израелските медиуми објавија дека напаѓачите се во бегство. По овој напад, бројот на загинати во антиизраелските напади од 22. март се искачи на 18.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел