(ВИДЕО) Трамп: Украина е во сериозна неволја

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес разговараше со новинарите за време на посетата на Обединетото Кралство, а како одговор на прашање од украински новинар, тој зборуваше за војната во Украина и неговите планови.

Кога беше прашан за испораката на американските системи „Патриот“ во Украина и времето на нивното пристигнување, Трамп прво го праша новинарот од каде е. Кога слушна дека е од Украина, американскиот претседател рече: „Ја сакам Украина, ги сакам луѓето од Украина. Затоа мислев дека слушнав малку украински акцент“.

„Но, земјата е во сериозна неволја. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас ќе ја спречам“, додаде Трамп.

Трамп тврдеше дека спречил седум војни во последните осум месеци.

„Мислев дека оваа ќе биде најлесната затоа што го познавам Путин. Но, не е, затоа што постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе ја спречиме“, рече американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Рускиот дизел утре тргнува за Америка