ВИДЕО: Трамп тврди дека Зеленски го преспал состанокот со американскиот министер за финасии, фотографиите го демантираат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот украински колега Володимир Зеленски за несоодветно однесување за време на посетата на американскиот министер за финансии Скот Бесент минатата недела.

„Скот Бесент всушност отиде во Украина и тие се однесуваа лошо со него бидејќи во основа рекоа „не“, а Зеленски спиеше и не можеше да се сретне со него. Бесент отиде таму да потпише документ и се врати со празни раце. Тие не сакаа да го потпишат документот“, рече Трамп.

Бесент се сретна со Зеленски во Киев на 12 февруари и му го претстави нацртот на украинско-американскиот договор за минерали, пренесе Интерфакс.

Зеленски синоќа ги отфрли американските барања за 500 милијарди долари (479,23 милијарди евра) минерали од Украина за да може Вашингтон да продолжи со воена помош за Киев, велејќи дека САД досега не доставиле ни приближно до таа сума и не понудиле конкретни безбедносни гаранции во договорот, што може да биде причина за обвинувањата на Трамп против украинскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Трамп: Загрижен сум за сопствената безбедност по двата обиди за атентат

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Мир преку профит: Трамп во трговијата со Русија гледа излез од украинскиот конфликт

Пресметката меѓу Зеленски и Кличко влезе во својата последна фаза

Доживотен затвор за мажот кој се обиде да го убие Трамп во Јужна Флорида

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп вели дека веќе не треба да се зборува за Епстин

Катерина Ѓуровски