ВИДЕО: Трамп не ја очекуваше Камала Харис, води битка со презир и навреди

Од:

Доналд Трамп и неговиот политички тим потрошија речиси две години подготвувајќи кампања за победа над остарениот претседател кој е видно кревок и за кој повеќето Американци рекоа дека се сомневаат дека може да издржи уште еден мандат. Но, одеднаш, Трамп се соочува со сосема поинаков противник: потпретседателката кој е црна, речиси 20 години помлада од него и која внесува нова неизвесност во она што беше неверојатно статична трка.

Сојузниците на Камала Харис, пишува „Њујорк тајмс“, веќе најавија дека таа ќе ја води кампањата во насока „обвинител против криминалец“, истакнувајќи го нејзиното искуство како обвинител и нагласувајќи го фактот дека Трамп е обвинет во повеќе јурисдикции за 34 кривични дела.

Пристапот „обвинител против криминалец“ може да им се допадне на неопределените незадоволни и од Трамп и од претседателот Џо Бајден.

Засега многумина се воодушевени од одлуката Харис да се кандидира за претседател наместо Бајден. Тоа може да се види и од анкетите кои покажуваат дека таа ја намалува разликата зад Трамп. Истражувањето на Волстрит журнал од петокот покажува дека Трамп сега има 49 отсто во споредба со нејзините 47. Истиот медиум објави претходно овој месец дека Трамп води со 48 отсто во споредба со 42 отсто на Бајден.

Републиканците, откако првично беа изненадени од историската најава на Бајден, сега го префрлаат својот „оган“ кон новата потенцијална кандидатка.

Трамп има долга историја на напаѓање женски ривали и критичари на лична основа – обично опишувајќи ги како ментално нестабилни или давајќи им грди епитети. Тој ја нарече Ангела Меркел, поранешната германска канцеларка, „таа кучка“ пред функционерите во неговата администрација додека беше претседател, се вели во книгата „Само јас можам да го поправам“ од новинарите на Вашингтон пост, Керол Леониг и Филип Рукер фразата подоцна беше потврдена за Њујорк Тајмс.

Во случајот со Камала Харис, презирот се манифестира и јавно и приватно. Трамп рече дека таа „зборува во рима“ – потсмешна референца на нејзините реплики кои станаа вирални на социјалните мрежи.

Трамп јавно ја опиша како „гадна“, „луда“ и „лажга“, ја исмејуваше, погрешно го изговори нејзиното име и промовираше лажно тврдење дека уставно не е подобна да биде потпретседателка.

Би-би-си пренесува дека Трамп има три области каде што ги фокусирал своите напади врз Харис. Ја нарекува „радикална левичарка“, ја поврзува со политиките на Бајден, а ќе го напаѓа и перидото кога таа беше главна обвиннителка на Калифорнија.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп