ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе воведе секундарни тарифи од 25 до 50 отсто за целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги попречува неговите напори да стави крај на војната во Украина, а тие би можеле да стапат на сила во рок од еден месец доколку не дојде до прекин на огнот.

Трамп изјави за NBC News дека е „многу лут“ и „бесен“ бидејќи рускиот претседател Владимир Путин повика на смена на украинскиот претседател Володимир Зеленски и формирање преодна влада со поддршка на Обединетите нации, пренесува NBC. Трамп телефонски изјави за NBC News дека планира да разговара со Путин оваа недела.

За време на неговата претседателска кампања во 2024 година, Трамп постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, „смешната“ војна во Украина, а тој беше силно фокусиран на ова прашање откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп побара нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.

Путин во петокот предложи Украина да биде ставена под некаква привремена администрација за да се овозможи нови избори и потпишување на клучни договори.

„Доколку Русија и јас не можеме да постигнеме договор за запирање на крвопролевањето во Украина и ако утврдам дека тоа е виновна Русија, ќе воведам секундарни царини за нафтата, за целата нафта што доаѓа од Русија“, рече Трамп. „Тоа би значело дека ако купувате нафта од Русија, не можете да работите во САД“, додаде Трамп.

„Ќе има царина од 25 проценти за целата нафта, тарифа од 25 до 50 процентни поени за целата нафта“, истакна тој.

Тој рече дека царините за руската нафта ќе стапат на сила во рок од еден месец без договор за прекин на огнот. Трамп рече дека Путин знае дека е лут на него, но нагласи дека има „многу добри односи со него“ и дека „лутината брзо ќе стивне ако ја направи вистинската работа“.

Би можело да ве интересира

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Путин призна дека размислува за наследник

Путин: Русија има сила успешно да ја заврши војната во Украина дури и без нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Шајнбаум: Го одбив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико