(ВИДЕО) Трамп: Тие се борат толку долго и толку силно што веќе не знаат што е.ано прават

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека и Израел и Иран го прекршиле прекинот на огнот. Зборувајќи со новинарите во Белата куќа пред да замине на самитот на НАТО во Хаг, Трамп изрази разочарување од континуираните напади.

Тој нагласи дека не е задоволен од ниту една земја, особено од Израел.

„Не сум задоволен од Израел“, рече Трамп.

Трамп ги критикуваше обете страни, но беше најгласен во осудата на Израел, издавајќи предупредување на неговата платформа Truth Social.

„Израел, не ги фрлај тие бомби. Ако го направиш тоа, тоа е прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, сега“, напиша Трамп.

Тој им рече на новинарите: „Тие се борат толку долго и толку силно што веќе не знаат што е..ано прават, го разбирате ли тоа?“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Комунистички лудак е на пат да стане градоначалник

Нетанјаху: Израел постигна голема победа во својата воена кампања против Иран

САД: Нуклеарната програма на Иран е уништена

ИДФ: Финансиерот на Хезболах е елиминиран, префрлал пари од Иран за оружје

Иран најави безмилосна одмазда за смртта на командантот Али Шадмани

Иран ќе продолжи да ја развива својата нуклеарна програма