Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјавил дека дури на социјалните мрежи забележал дека американскиот претседател Доналд Трамп го „турнал“ за да стои во првиот ред, пренесуваат црногорските медиуми.
Марковиќ изјави дека Трамп и така „заслужува“ да биде во првиот ред.
„Не го ни забележав, само на социјалните мрежи ги видов реакциите. Тоа е непотребна ситуација и јас само така ја доживувам. Сакам да кажам дека е природно претседателот на САД да биде во првиот ред“, рекол Марковиќ.
Црногорскиот премиер додава дека имал две можности да разговара со Трамп, прво дваеетина минути, а потоа и за време на свеченоста пред отворањето на новото седиште на НАТО.