(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот пред неговото патување во Флорида и повторно зборуваше за потенцијалното воведување царини за Канада.

Меѓу другото, Трамп рече дека САД ги следат активностите на Канада и нејзиниот трговски договор со Кина.

„Доколку постигнат договор со Кина, ќе направиме нешто многу значајно. Имаме одлични односи со Кина и претседателот Си, но не сакаме Кина да ја преземе Канада“, рече Трамп.

По тоа, следеше една од веројатно најбизарните реченици на Трамп.

„Доколку постигнат договор, Кина ќе ја преземе Канада и првото нешто што ќе го направат е да го укинат хокејот на мраз“, рече американскиот претседател.

Канадскиот премиер Марк Карни објави дека за време на неговата посета на Кина е постигнат договор за намалување на царините за увоз на кинески електрични возила, сè во замена за пониски царини за канадски земјоделски производи.

Карни вели дека Отава очекува Пекинг да ги намали царините за семе од канола на 15 проценти до март. Исто така, канадските јастози, ракови и грашок повеќе нема да бидат предмет на царини.

За возврат, Канада ќе дозволи увоз на до 49.000 кинески електрични возила на канадскиот пазар со царинска стапка од 6,1 процент.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат