(ВИДЕО) Трагедија во Тексас: Авионски мотор вовлече и уби аеродромски работник

Од:

Работник на меѓународниот аеродром Сан Антонио во Тексас почина откако беше вовлечен во млазен мотор на Ербас.

Екипите за итни случаи пристигнаа на пистата нешто пред 22.30 часот по дојавата дека моторот на авионот кој штотуку слетал вовлече работник.

„Делта летот 1111 патуваше до капијата со еден мотор, а работникот беше вовлечен во тој мотор во 22:25 часот“, се вели во соопштението на НТСБ.

Еден патник за локалните медиуми изјавил дека моторот бил покриен со голема церада по трагедијата.

Работникот, кој не можеше веднаш да се идентификува, бил вработен во компанија која обезбедува копнени услуги на авиокомпании.

– Длабоко сме тажни поради загубата на нашиот вработен на меѓународниот аеродром „Сан Антонио“. Нашите срца се со семејството на починатиот и остануваме фокусирани на поддршката на нашите вработени на терен – соопшти Унифи авијација, додавајќи дека нејзината првична истрага не може да ја поврзе трагедијата со ниту една од процедурите за оперативна безбедност.

– Срцата ни се скршени и жалиме за загубата на животот на член на семејството на авијатичарот. Нашите срца и целосната поддршка се за неговото семејство и најблиските во овој тежок период“, се вели во соопштението на „Делта ерлајнс“ до кое дојде КЕНС5.

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии