(ВИДЕО) Трагедија во Шпанија: Најмалку 39 загинати и 73 тешко повредени во железничка катастрофа

Од:

Најмалку 39 лица загинаа, а 73 се повредени кога два брзи возови излетаа од шините во градот Адамуз во шпанската покраина Кордоба.

Претседателот на андалузиската влада, Хуанма Морено, изјави дека 24 лица се во сериозна состојба и не ја исклучи можноста бројот на жртви да се зголеми бидејќи еден од вагоните е „многу оштетен“.

Во несреќата се повредени и четири малолетници, додека 170 лица со полесни повреди се згрижени во теренска болница, објавува шпанскиот rtve.es.

Еден од загинатите е и машиновозач, објави „Ел Паис“.

Регионалната влада на Андалузија побара интервенција од Воената единица за итни случаи за да помогне во спасувачките напори, а извори од владината делегација потврдија дека воен контингент веќе бил на пат кон областа.

Несреќата се случи вчера околу 19.45 часот во градот Адамас во јужниот шпански регион Андалузија, кога воз кој сообраќаше од Малага до Мадрид излета од шините и удри во друг воз кој што се движеше од Мадрид до Хуелва.

Би можело да ве интересира

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски