(ВИДЕО) Трагедија во Мексико: Најмалку 54 жртви во несреќа на камион кој превезувал мигранти

Од:

Најмалку 54 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чајапас во јужниот дел на Мексико, јави ДПА.

Несреќата се случила кога приколката од едниот од двата камиони кои учествуваа во несреќата се извртела на опасна кривина надвор од градот Тукстла Гутиерез, соопшти шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиапас, Луис Мануел Гарсија.

Во несреќата се повредени најмалку 58 лица.

Гарсија, рече дека, според очевидци, камионот возел пребрзо во острата кривина.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер напиша: „Длабоко жалам за трагедијата предизвикана од превртувањето на приколката во Чиапас во која се превезуваа мигранти од централна Америка. Тоа е многу болно“.

Стотици илјадници мигранти секоја година се обидуваат да стигнат до САД преку Мексико. Мнозинството доаѓаат од Мексико или од некоја од централноамериканските земји како Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор.

Тие бегаат од сиромаштија, насилство и корупција, како и од последици од сушата и природните катастрофи. Многу од мигрантите се превезуваат во приколки на камиони управувани од трговци со луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД