(ВИДЕО) Трагедија во Бразил: Родители скокнале од зграда со бебе во раце, сакале да се спасат од пожар

Од:

Трагедија се случила во Бразил кога брачна двојка со бебе се обидела да избега од пожарот, но единствениот излез било да скокне од терасата на нивниот стан, поточно од седмиот кат. Тие не преживеаја.

Пожарот избувнал околу 10:30 часот во нивниот стан, а според првичните сомнежи на пожарникарите причината најверојатно е истекување на плин.

Грацијана Роса де Оливеира (34), Луиз Евалдо Лима (28) и нивното бебе Леонардо, старо само 23 дена, панично скокнале од седмиот кат на зградата поради пожарот.

Соседите пријавиле дека слушнале врисоци и веднаш излегле да ја проверат ситуацијата. Забележале огромни пламени јазици кои ги зафатиле соседните станови, додека извештаите укажуваат дека се повредени уште 12 лица.

На видеото направено од блиската зграда се гледа како пламенот висок неколку метри допира до прозорците на последниот кат.

Во гаснењето на пожарот учествувале 40 пожарникари, но Луиз, неговата сопруга и нивното бебе за жал загинале.

Во тек е истрага.

Луиз работел како келнер, а Грацијана козметичарка.

Грацијана имала и ќерка од првиот брак која била во станот за време на пожарот, но успеала да побегне. Исто така, нејзината баба успеала навреме да побегне по скалите.

Луиз и Грацијана се запознале во 2019 година во продавницата каде што работеле заедно и брзо се заљубиле.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница