Седум лица се повредени во налетот на торнадо во Романија.
Повредените биле патници во автобус кој превезувал 39 лица, бил кренат од ветерот и фрлен на 10 метри во блиското поле.
Торнадото ја погоди областа Драјна, 70тина километри од Букурешт, а на видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како торнадото ја подигнува прашината од тлото.
Според романските медиуми оштетени се и неколку земјоделски возила и рурални објекти.
Oh, wow.. there was a tornado 80 km from my house and my only thought was "Why couldn't I be there too to see this beauty?" ?️
?Drajna, Călărași (Romania)
? Nicolae Andrei, Mircea Surcel, Andreea Brăilă (Facebook) pic.twitter.com/vjUWIl1eqC— Luciana Stan (@LucyS_M) April 30, 2019