ВИДЕО: Топлотниот бран урива рекорди во Канада, измерени 46,6 степени

Од:

Делови од Северна Америка се погодени од бран жештини, а во Канада беше регистрирана рекордна температура од 46,6 степени Целзиусови. Највисоката температура во историјата на земјата е измерена во неделата во Литон, Британска Колумбија, јави Би-Би-Си.

Исклучително високите температури се должат на поле со висок притисок над северозападот на САД и пацифичките делови на Канада.

Експертите предупредуваат дека климатските промени може да се зголемат застапеноста на екстремни временски прилики како што се жештини, а ваквите климатски промени може да бидат придружени со зголемување на бројот на жртви од поплави, бури и горештини.

Се предупредува и за неколкудневните жештини низ северозападниот дел на САД и делови од западна Невада и Калифорнија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка