(ВИДЕО) Тинејџери украдоа „тојота“, па повредија полицаец на велосипед

Од:

Тинејџери од Канада украдоа „тојота“ и тешко повредија полицаец. На видеото кое е објавено јасно се гледа дека на раскрсница црвена „тојота корола“ скршнува од коловозната лента и удира полицаец на велосипед. На видеото се гледа дека возачот потоа се обидува да побегне.

Инцидентот се случил среде бел ден, а според соопштението на полицијата во Торонто, се започнало откако тројца полицајци на велосипеди забележале украден автомобил на семафор. Возачот на „тојотата“ веднаш ги забележал, нагазил на гас и притоа удрил во полицаецот кој го спречил да избега.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он