ВИДЕО: Тинејџери на 40-годишна возраст

Од:

Двајца средовечни браќа кои некогаш имале постојана работа и семејство, биле принудени да се вратат во домот на своите родители, откако им е дијагностицирана терминален облик на леукодистрофија, од која наместо да стареат тие се подмладуваат.

Домот на пензионерите Тони и Кристин Кларк во Велика Британија изгледа како детски дом, каде растат две хиперактивни 7-годишни деца.

Мини воз, и делови од “Монопол” расфрлани на масата, а на телевизорот се прикажува цртан филм.

Меѓутоа, синовите на семејството Кларк се возрасни мажи кои се во емотивен развој на момчињата. Како ликот на Бред Пит во “Необичниот случај на Бенџамин Батон”, Метју (39) и Мајкл (42) стареат во спротивна насока.

Заболени се од терминала форма на леукодистрофија, ретка генетска болест која го напаѓа нервниот систем, ‘рбетниот мозок и мозокот.

Во случајот на браќата Кларк оваа болест не ги нападнала само нивните физички способности, туку и емоционалната и менталната состојба.

Пред само шест години тие двајцата имале работни места и семејства. Денес за нив се грижат нивните родители, а во ретки моменти на луцидност, Мајкл и Метју се обидуваат да разберат зошто нивните животи се променија драматично.

Пред болеста, браќата имале нормален живот и имале семејства. Мајкл изработувал мебел, а Метју работел во фабрика и ја одгледувал својата ќерка тинејџерка. Тони и Кристин отишле во пензија и се преселиле во Шпанија.

Во 2007 година двајцата синови престанале да им се јавуваат. Од кога им е дијагностицирана болеста, нивните животи се претвориле во пекол.

Иако некои форми од оваа болеста се лекуваат ако се откријат во рана фаза и не предизвикуваат никакви емотивна регресија, за браќата Кларк нема лек.

Во април, кога британскиот печат за прв пат напишал за семејството Кларк, нивната ментална состојба била на ниво на десетгодишници. Денес тие се уште се млади во главата.

“Како бебиња и тие често се будат во текот на ноќта”, вели Кристин.

Во моментов јадат нормално, но прашањето е кога ќе настане проблемот со одењето. Метју користи инвалидска количка кога е надвор, а Мајкл се потешко стои на своите нозе.

“Тие нема да станат слатки момчиња, тие се деца во големи тела на возрасни мажи, што е сосема различно ниво на проблем”, изјавила нивната мајката Кристен.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ