(ВИДЕО) Терористички напад во Тел Авив: Три лица повредени

Од:

Три лица се ранети од огнено оружје во терористичка престрелка во центарот на Тел Авив, соопшти полицијата.

Се наведува дека напаѓачот отворил оган врз луѓето пред кафуле во центарот, а потоа избегал од местото на настанот, пукајќи во други луѓе во околината.

Полицијата го убила терористот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Од службата за брза помош наведуваат дека во болницата Ичилов биле пренесени три лица. Едно лице е во критична состојба.

Напаѓачот е идентификуван како Мутаз Салах ал Каваја, 23-годишен Палестинец од градот Нилин на Западниот Брег, кој двапати бил затворен во Израел.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел