Најмалку пет лица загинаа во терористички напад во населбата Неве Јаков во Ерусалим, соопштија во петокот израелските лекари и полиција.
BREAKING: At least 8 killed, 10 injured in ‘terror attack’ at a synagogue in Jerusalem.
pic.twitter.com/tiBjPxBVfn— Michael Gogel (@mgogel) January 27, 2023
Во нападот се повредени уште петмина.
Според неофицијални информации, терористичкиот напад се случил во или во близина на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим.
Според полицијата, застрелан е осомничениот напаѓач.
Според прелиминарната полициска истрага, напаѓачот чекал пред синагогата и отворил оган кога верниците ја напуштиле зградата.
Шефот на израелската полиција Коби Шабтаи за новинарите на местото на настанот изјави дека станува збор за сериозен напад со голем број жртви. Тој додаде дека полицијата го истражува теренот за да ја исклучи можноста да има помагачи кои не се фатени.
Тројца од ранетите се пренесени во медицинскиот центар Хадаса во Ерусалим, меѓу кои 70-годишна жена во критична состојба, 20-годишен маж во тешка состојба и 14-годишно момче во умерена до тешка состојба.
Портпаролот на Хамас рече дека престрелката е одмазда за нападот на израелската армија врз бегалскиот камп Џенин во четвртокот, во кој израелските командоси убиле седум вооружени лица и двајца цивили, што е најголем број на жртви во судирите на Западниот Брег во последниве години.