(ВИДЕО) Теориите на заговор не престануваат по тврдењата дека американскиот претседател има двојник

Од:

Џо има двојник. Ова е само една од многуте теории на заговор што ја поттикнаа имагинацијата на корисниците на социјалните мрежи во последните денови.

Имено, огнот се „запали“ при неодамнешната средба на американскиот претседател со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, каде Бајден наводно се појавил повисок за дури петнаесет сантиметри, иако до сега биле со слична висина.

Фотографиите од нивната средба во Вашингтон го преплавија интернетот и повторно го ставија во фокус шефот на Белата куќа, кој под притисок на партиските колеги и гласачите, се повлече од трката за реизбор и и го предаде „факелот“ на вице претседателката Камала Харис.

Еден од најпознатите теоретичари на заговор, Алекс Џонс, кој го предвиде нападот на кулите близначки на 11 септември 2001 година, на својот профил „Х“ објави видео од двајцата лидери, тврдејќи дека тоа не е шефот на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва