Најмалку десет луѓе се повредени од кои еден тешко, а 12 исчезнаа во норвешкото село Гједрум, 25 километри од Осло, во свлечиштето кое проголта неколку куќи.
Околу 700 жители веднаш се евакуирани од селото. Премиерката Ерна Солберг рече дека ситуацијата и понатаму е нестабилна и дека само хеликоптерите имаат пристап до местото.
-Ме боли кога гледам како природните сили го опустошија Гједрум. Моите мисли се со сите погодени во свлечиштето, рече Солберг.
Свлечиштето се создаде по обилните врнежи, а калта проголта неколку куќи.