ВИДЕО: Светските лидери го исмеваа Путин

Од:

Светските лидери го исмеваа имиџот на Владимир Путин на ручекот на Г7, шегувајќи се за тоа дали треба да се соблечат до половина – па дури и целосно, пренесува АФП.

„Палта на себе? Соблечете ги палтата? Дали ги соблекуваме сакоата?“ праша Борис Џонсон додека седеше на маса во баварскиот замок Елмау, каде што канцеларот Олаф Шолц беше домаќин на самитот на седум моќни демократии.

Канадскиот премиер Џастин Трудо предложи „да ја чекаат официјалната слика пред да се соблечат“, но потоа Џонсон додаде дека „мора да покажат дека се посилни од Путин“.

Тие се осврнаа и на фотографијата на Путин од 2009 година, на која тој јава коњ без маица. „Возењето е најдобро“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Горан Наумовски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални