(ВИДЕО) Сведоци на крвавиот напад: Пукаше на се пред себе, одеше како пророк

Од:

Преживеаните од терористичкиот напад на турскиот аеродром во кој погинаа најмалку 36 луѓе, а се ранети над 147, велат дека на сите страни гледале безживотни тела.

Ахмед Фуркан Гуртун, кој работи како сообраќаен полицаец на аеродромот, вели дека во моментот на нападот бил на пасошката контрола и дека го видел напаѓачот.

-Видов еден од терористите како влегува во аеродромот. Во раката имаше АК-47 и веднаш почна да пука кон патниците. Турската полиција веднаш реагираше, но одеднаш се случи експлозија, рече тој.

Терорирстите успеаа да се пробијат до безбедносната проверка на аеродромот, но иако полицијата успеа да ги убие, тие претходно ги активираа бомбите.
Пол Рос кој беше на аеродромот чекајќи да стигне авионот за Јужна Африка, кажа дека видел еден од напаѓачите.

-Беше облечен од глава до пети во церно. Лицето му беше маскирано. Се сокрив зад пултот, но ѕиркав да го видам. Се слушнаа две експлозии, една по друга. Тогаш престана да се слуша пукање. Напаѓачот се сврти околу себе и тогаш тргна кон нас кои се криевме. Одеше како пророк. Го држеше пиштолот кој му ѕиркаше под јакната. Нервозно гледаше околу себе да види дали некој ќе го сопре и тогаш одеднаш отиде со лифтот надолу. Слушнавме уште едно пукање, а потоа уште една експлозија. И тогаш беше се готово, рече тој.

Еден од вработените на аеродромот додаде дека слушнал околу десет пукотници на аеродромот.

-Работев во канцеларија, бев ноќна смена кога слушнав најмалку десет истрели, а потоа експлозија. Почнав да бегам и тогаш слушнав уште една експлозија, вели тој.

Според него, луѓето паѓале во несвест бидејќи на аеродромот владеела голема паника, а на сите страни биле тела од убиени патници.

Би можело да ве интересира

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот