ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Од:

Во текот на деветтата ноќ од протестите во Грузија, полицијата употреби водени топови и солзавец и интервенираше со специјални единици за смирување на протестите, а демонстрантите повторно пукаа со огномет во правец на полицајците, пишува весникот „Грузија Денес“.

Според грузискиот весник, демонстрантите се движеле низ центарот на градот.

Грузиската полиција објави дека 48 лица се приведени поради непослушност и вандализам, додека други двајца се уапсени под обвинение за учество во насилни групи, пренесе Интерфакс.

Меѓу уапсените е и странски државјанин, роден 1997 година. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Грузија, за време на протестот имало и напади врз полицајци со пиротехнички средства, камења и разни предмети.

Во судирот е повреден еден полицаец. Од почетокот на протестот, вкупно 28 лица се приведени во рамките на истрагата за насилни дејствија извршени за време на демонстрациите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за време на Велигден

Масовни протести на Американците против Трамп

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ