ВИДЕО: Судири меѓу демонстранти и полицијата на средбата на Г-7 во Италија

Од:

Неколку десетици насилни демонстранти денеска се судрија со полицијата во италијанскиот град Лука, каде се одржува средба на министрите за надворешни работи на Групата седум најразвиени земји во светот (Г-7).

Неколку стотици демонстранти се собрале пред средновековната тврдина во Лука, каде помала група насилни учесници на протестот се судирле со полицајците, кои ги спречиле во нивниот обид да се пробијат до местото на одржување на средбата.

Како што јавија италијанските медиуми, пред почетокот на судирите демонстрантите скандирале „полицијо оди си“.

Дводневната средба во Лука се одржува под засилени безбедносни мерки, поради очекуваниот протести на антиглобалистите.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он