ВИДЕО: Судир на полицијата со демонстрантите во Хамбург

Од:

Полицијата во Хамбург употребуваше воден топ за да се справи со демонстрантите кои што беа собрани да изразат незадоволство во пресрет на Г-20 самитот.

Собирот беше наречен „Добредојдовте во пеколот“ и беше последен протест во низата кои што се одржуваа пред Г-20 самитот, пренесува Индепендент.

Полицјата очекувала околу 8.000 потенцијално насилни активисти од целата Европа, а на готовс имало повеќе од 20.000 полицајци.

До судир помеѓу демонстрантите и полицијата дошло одненадеш, бидејќи протестот започнал мирно, а демонстрантите носеле транспаренти и извикувале слогани.

Се уште не е познато како настанал судирот.

Како што јавуваат светските медиуми, организаторите на протестот го откажале истиот по првите знаци на насилство, но сепак бројните демонстрантите останале на улиците, а најмалку една личност е посериозно повредена.

Демонстрантите на полицијата фрлаа со камња, шишиња и пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис