Ураганот Иан ја погоди Флорида. Милиони жители од крајбрежниот регион на Мексиканскиот залив ги испразнија продавниците, ги забрикадираа прозорците на домовите и се сместија во скривалиштата. Иан достигна ниво на ураган од четврта категорија информираше Националниот центар за урагани.
На социјалните мрежи се појавуваат снимки на кои се гледаат патишта кои се потполно под вода. На Флорида повеќе од 470 илјади жители се без струја.
Currently in Fort Myers, Florida. Video by Loni Architects #flwx #Ian #hurricane pic.twitter.com/8nfncFlG9G
— Kaitlin Wright (@wxkaitlin) September 28, 2022
Властите испратија аларамантни предупредувања до населението. Во некои места е прогласен и полициски час. Се очекуваат „историски“ поплави рече градоначалничката на Тампа Џејн Кастор.
MAJOR storm surge Pine Island, Florida Dominator Fore Hurricane Ian eye wall pic.twitter.com/WUQHLtaQvi
— Reed Timmer, PhD (@ReedTimmerAccu) September 28, 2022
„Јунајтед ерлајнс“ ги запре летовите до најкритичните места.