ВИДЕО: Стотици жртви од пеколните горештини во Канада

Од:

Стотици смртни случаи поврзани со екстремно жешкото време се регистриран во Британска Колиумбија во Канада. Во четирите дека откако областа ја зафатија рекордно високи температури се пријавени 233 смртни случаи што е далеку повеќе од просекот на починати за четири дена велат локалните власти.

Претходно повеќе од 34 смртни случаи се регистрирани во западна Канада, посебно во регионот околу Ванкувер, заради рекордните горештини, соопшти денеска полицијата, пренесоа француските медиуми.

Кралската канадска коњаничка полиција информира за повеќе од 34 смртни случаи што за 24 часа биле пријавени кај локалните власти.

Големата жештина се смета за главната причина за повеќето смртни случаи, а дел од биле повозрасни лица, додава полицијата.

-Нужно е меѓусебно да се проверуваме за време на овие екстремни горештини, изјави Мајк Калањ, портпарол на полицијата во областа Ванкувер.

Во градот Литон, во Британска Колумбија, пред два дена беа измерени рекордни 47,9 степени Целзиусови, јави локалната метеоролошка служба на Твитер, со што е соборен канадскиот рекорд од 45 степени Целзиусови, измренеи на Мидале, во Саскачеван, во 1937 година.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски