(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Русија, убиени се четворица терористи

Од:

Руските власти објавија дека нападот врз полицијата во Дагестан, во регионот на Кавказ, бил спречен, а четири лица за кои се верува дека го подготвувале нападот биле убиени.

– Во текот на ноќта во Махачкала, главниот град на Дагестан, беше спроведена антитерористичка операција, изјави регионалниот лидер Сергеј Меликов.

Тој рече дека четири лица кои го планирале нападот се „неутрализирани“ и дека се запленети рачно изработени експлозивни направи, гранати и автоматски пушки.

– Активностите на напаѓачите беа координирани од терористичката организација Исламска држава, забранета во Русија, рече Меликов.

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток