Новиот тричлен екипаж на ракетата „Сојуз“ пристигна на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за рекордно брзо време, помалку од 6 часа од лансирањето. Руските космонаути Павел Виноградов и Александар Мисуркин, заедно со американскиот астронаут Крис Кесиди се првиот тим кој на ИСС пристигнал по скратената рута, со која патот е намален за околу 45 часа.
Вообичаеното време за пат на „Сојуз“ од космодромот „Бајконур“ до ИСС е од прилика околу два дена, но овој тим тргна по рута која претходно Русите ја тестирале на претходните три мисии за транспорт на товар со ракетата „Прогрес“.
Астронаутите се споиле со модулот Поиск по 5 часа и 45 минути пат над Балканскиот Полуостров, некаде над Хрватска, а сите се среќни иако скратениот пат го платиле со мачнина, вртоглавица и повраќање.
– Колку патот до станицата станува пократок, толку ние сме посреќно. Се е во најдобар ред – изјавија астронаутите по пристигнувањето на Меѓународната станица, која е вредна 100 милијарди долари.