(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Од:

Американски борбен авион се урна во Кувајт, авионот е во пламен и пилотот се катапултирал со падобран, слетувајќи на земја. Според достапните информации за еден од авионите се наведува е срушен по грешка од Американците.

И пилотот и офицерот за системи за оружје (WSO) на американските воздухопловни сили Ф-15Е Страјк Игл, кој се урна утрово над Кувајт поради инцидент со „пријателски оган“, се чини дека преживеале, пронајдени од локалното население и префрлени на локалните власти во Кувајт, се наведува.

Според други извори, ловец на катарските воздухопловни сили наводно е соборен над Кувајт. Снимки од авионот, најверојатно „Еурофајтер тајфун“ како паѓа кон земјата во пламен, кружат на социјалните мрежи. Во моментов нема официјални информации за тоа каде точно и кога е направено ова видео, а ниту кувајтските ниту катарските власти не дадоа коментари за овие тврдења.

Американска војска подоцна потврди дека Кувајт „по грешка соборил“ три ловци F‑15E Strike Eagle во текот на борбените дејства.

Би можело да ве интересира

За малку ќе избувнела тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците, објави турски новинар

Катерина Ѓуровски

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

Катерина Ѓуровски

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски