ВИДЕО: Со голи фотографии од Меланија, руската телевизија му „честиташе“ на Трамп

Од:

Руската државна телевизиска мрежа им „честиташе“ на Доналд Трамп и на неговата сопруга за реизборот за претседател, прикажувајќи голи фотографии од Меланија во програма во живо.

Целото видео може да се погледне ОВДЕ.

Во емисијата 60 минути, руските водители, Евгениј Попов и Олга Скабеева, зборуваа за реизборот на Доналд Трамп и на додека на екранот се емитуваа бројни фотографии од манекенските денови на Меланија Трамп, вклучувајќи голи фотографии од GQ од 2000 година.

Џулија Дејвис, основач на набљудувачката група „Русија медиа монитор“, објави видео од емитувањето на „Х“ со текст: „Во меѓувреме во Русија: Вака најгледаниот државен ТВ канал во земјата го поздрави претстојното враќање на Меланија Трамп во Белата куќа. Олга Скабеева се труди да не се смее.

За време на емисијата Скабеева не можеше да ја задржи насмевката, додека Попов рече: „Сега кога сопругот на Меланија Трамп конечно победи, таа се подготвува вторпат да се врати во Белата куќа. Вака изгледаше Меланија во 2000 година. Ова е насловната страница на списанието GQ.

Сегментот завршува со музика и серија фотографии од Трамп, заедно со глас кој вели „Што навистина значи „моето тело, мој избор“?“, потсетувајќи на промотивното видео што првата дама го објави на X пред објавувањето автобиографија, Меланија.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина