Кристал Кант која минатата година во сообраќајна несреќа ја изгуби десната рака, не дозволи несреќата да ја победи.
-Ја погледнав својата рака и помислив дека е лошо. Морав да размислам за тоа што правам. Луѓето се обидуваа да ми помогнат, а јас сакав да не гледам во неа. Кога пристигнав во болницата, лекарот ми рече дека мора да ја ампутираат. Тоа беше навистина тежок момент, но сфатив дека тоа ќе ми го спаси животот – раскажа таа.
По ампутацијата храбро одлучила да го следи својот сон и да продолжи да се занимава со „Крос фит“ иако многумина мислеле дека тоа е една невозможна мисија за неа.
Кристал го докажа спротивното и само три недели по ампутацијата се вратила на тренинзите. Денес таа само со едната рака крева 105 килограми, тежина која што не ја кревала пред несреќата. Според неа загубата на раката е нејзиниот најголем мотив.
-Чувствувам дека можам се додека сум во теретаната, како да имам супер-моќ. Несреќата е најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Ги инспирирав другите, што е малку чудно. Секогаш ме изненадуваат кога ќе ми речат дека сум им инспирација, но убаво е кога луѓето ширум светот ќе ви признаат дека сте им помогнале да не се откажуваат – вели Кристал.
Иако пред несреќата оваа девојка имала сјајна кариера како ИТ консултант, таа сега одлучила професионално да се занимава со „Крос фит“. Нејзиниот тренер Крис Ксандерс воопшто не се сомнева во нејзините способности.
Е. Г.